Манчестер Јунајтед триумфираше во Лига Европа

од Vladimir Zorba

Тимот на Манчестер Јунајтед го освои трофејот од Лига Европа по својата убедлива победа со 2: 0 над Ајакс во финалето на Лига Европа.

Ова е трет трофеј за “црвените ѓаволи” за оваа кампања, а тој беше единствен кој тие не го  беа освоиле во својата славна историја. Со него тие си обезбедуваат и директно пласман за групите во Лигата на шампиони. Инаку средбата на преполниот “Френдс Арена” во Стокхолм започна со едноминутно молчење поради трагичниот атентат во Манчестер во понеделникот, при што загинаа 22 лица, а над 60 беа повредени. Фудбалерите на Жозе Мурињо го започнаа поактивно натпреварот, создавајќи неколку доста опасни ситуации пред Андре Онан. Младиот тим на Ајакс тешко доаѓаше до голот на Серхио Ромеро што логично доведе до гол во голот на холандскиот гигант. Во 18-та минута Фелајни  го виде слободен Пол Погба во центарот на шеснаесетникот и поднесе одличен пас кон најскапиот фудбалер во  фудбалската елита. Тој од своја страна упати технички удар кој рикошира во Санчез и топката стана зад  Онан.

. Во 24-та минута Антонио Валенсија можеше да го удвои резултатот, но Онан покажа завиден рефлекс и изби силен шут на дефанзивецот на “црвените ѓаволи”. Во завршните 15 минути на првото полувреме Ајакс владееше значително повеќе со топката. Доминацијата на Јунајтед стивнаа, како младите играчи на Петар Бош почнаа се почесто да погледнуваат кон голот  на Ромеро, но сепак не успеаја да реализираат погодок. Така и првиот дел заврши со гол предност за симболично гости од Англија. Само три минути по продолжувањето на играта “црвените ѓаволи” ги интензивираа својата предност. Хуан Мата центрираше од десната од корнер, Смолинг симна со глава, а топката се најде во Мхитаран кој технички со десната нога го постигна вториот погодок а во голот на Онан. Тоа беше и шести гол за Ерменец во Лига Европа.

 На крајот Манчестер Јунајтед триумфираше во Стокхолм, освојувајќи го првпат и полседното  одличје во својата витрина. Несомнено Мурињо и фудбалерите ја  исполнија најважната задача за оваа сезона, имено го освоија трофејот од Лига Европа, што им обезбедува директно место во групите на Лигата на шампиони.

Слични содржини