Манчестер Сити со проблеми пред финалето со Арсенал

од Vladimir Zorba

Рахим Стерлинг најверојатно нема да игра за Манчестер Сити во финалето на Лига Купот во Англија против Арсенал во недела, изјави менаџерот на „небесно-сините“ Пеп Гвардиола.

„Има мускулен проблем и не знам дали ќе биде на теренот“, прокоментира шпанскиот стручњак на прес-конференција. Тој се потпира на враќањето на Габриел Жезус, кој не играл од крајот на 2017 година.

„Да го имаме Габриел Жезус повторно во составот е важно за нас. Имаме потреба од сите наши фудбалери. Секогаш сакам да играм во финалето за Купот, кога сме го освоиле претходниот натпревар. Мора да бидеме мобилизирани и да се фокусираме на натпреварот“, категоричен е Гвардиола.

Тој освои 11 победи во вкупно 12 финалиња со екипите на Барселона и Баерн Минхен. Манчестер Сити има четири Лига Купа во својата историја. Последните два триумфи на „граѓаните“ се во 2014 и 2016 година.

На крајот на минатата недела, Сити отпадна од ФА Купот по неочекуван пораз со 0: 1 како гостин против Виган.

Слични содржини