Мандатот заглавен во фиоката на Иванов – гаранцијата повторно на усогласување

од Vladimir Zorba
Неизвесен останува текстот на гаранцијата за унитарноста што лидерот на СДСМ Заев треба да му ја достави на шефот на државата. Координациите и усогласувањето меѓу двата кабинети – трае. Верзијата што како финална од мнозинството му ја пратија на Иванов викендов, според извори од претседателскиоткабинет не била доволна и се вратила на доусогласување.
Што е спорно во текстот и каде се конкретно забелешките никој не открива детали. Официјално од кабинетот на претседателот решија и денеска да молчат. Дека се прават напори и дека текстот повторно се пегла за ТВ 24 потврдуваат и од Бихаќка.
И оттаму не сакаат да откријат детали кој дел од текстот е спорен, но велат дека се работи на големо на усогласување и дека контактите и комуникацијата на ниво на двата кабинети продолжуваат и денеска.
„Реафирмацијата на Програмата на новата Влада на унитарна Македонија,
која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи ги
разбива сите неразумни аргументи околу мандатот што Ѓорге Иванов е
неопходно брзо да го даде.“
Од ДУИ го повторуваат ставот дека тие дале поддршка и дека Ахмети е одговорен да се потпише на гаранцијата. Од Беса и од Алиајсната веќе се оградија од потпси на гаранцијата. Напорите се да се усогласи текстот и Иванов да го додели мандатот до четврток, бидејќи во петок шефот на државата заминуав на патување, во сабота истекува рокот.
Мнозинството повеќе пати досега повтори дека иако Иванов не го даде мандатот, мнозинството ќе избере влада во собранието, тоа е пораката и од првиот човек на собранието Талат Џафери. /извор ТВ24

Слични содржини