Денеска дел од медиумите објавија дека екс министерот за правда Михајло Маневски е најсериозен кандидат да биде наследник на Никола Груевски и дека оваа можност веќе била разгледувана на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Маневски во изјава за 24 Вести ниту ја потврдува ниту ја демантира ваквата можност.

0,,6448168_4,00
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во изјава за 24 вести вели дека воопшто не е ни разговарано за тоа кој ќе ја води Владата по Груевски.

„Тој што го пишувал ова не е новинар туку партиски платеник, задолжен да измислува такви работи. Ниту е разговарано на оваа тема ниту е размислувано за имиња.“ , рече Илија Димовски за 24 Вести

Повеќе ТУКА

Слични содржини