Свети Валентин е одлична причина да  се украсат ноктите така, како што обично не би.c38c5170812b5e72908a7b8e6ac45f2a

Срца, принтови, букети цвеќе и секакви други тематски акценти се добредојдени за разновидност и расположение.

Но, ако сте од дамите кои не сакаат да бидат како другите и преферираат да се издвојат од масата, тогаш може да се зафатите со неконвенционален потфат кон класичните форми.

Токму од таа причина ви презентираме лесен начин да добиете убави љубовни нокти, врз кои се прикажани пликови со писма, носејќи во себе … срца.

Најубавото кај овој тип декорација? Можете да си ја направите сами дома со неколку едноставни чекори. Еве кои се тие:

1. Основата на ковертот за писма

Природно, ковертите за писма се бели.Земете лак и со него налакирајте го само долниот дел на ноктите, со тоа што ќе го обликувате врвот со триаголна форма.

2. контура

Со црн лак направете контури, за да засили триаголниот дел. Направете две ленти, повторно со триаголна форма, малку под првите.

3. Поврзете

Поврзете ги горните и долните ленти со една вертикална линија на краевите. Ова ќе биде всушност “поклопецот” на поштенскиот плик.

4. Срца

Украсете со срца. Користете алатка со точкаста форма на крајот, а ако немате – обична игла ќе ја заврши истата работа. Направете две точки и само малку слејте ги за да се обликува срце.

5. Резултат

Нанесете колку и каде сакаате  од срцата – тоа е лично ваш избор. Кога ќе завршите, почекајте неколку минути и нанесете безбоен лак, за да запечати маникирот и да ја обезбедите својата издржливост.

Слични содржини