Мантованели: Политичката криза ги избрка инвестициите, состојбата полека се средува

од desk4

  Политичката криза имаше сериозно влијание врз македонската економија, таа доведе до исчезнување на инвестициите од формулата за развој, а секако во земјата е пожелно  да се видат инвестиции, а не само трошење.

Ова го порача директорот на Светска банка за Македонија и Косово Марко Мантованели вечерва во интервју за емисијата „24 Анализа“.

– Една од критичните лекции за малите економии е дека политичката стабилност е мошне важен фактор, кој автоматски се одразува на динамиката на економијата, на јавните и приватните инвестиции, вели Мантованели.

Напомена дека порастот првично лани можел да достигне 1,5 отсто, но завршил на нула.

– Иако видовме знаци на подобрување во однос на излез од кризата и оценивме дека работите во 2018. ќе тргнат во позитивна насока, сепак сметаме дека ќе треба подолго време за придвижување од нула растот, додаде тој.

Смета дека економскиот раст на земја во развој  секако не треба да се потпира само врз растот во еден сектор, во нашиот случај градежништвото, односно јавните инвестиции за автопатиштата, кои се крепат со странски кредити.

Напомена дека, сепак, во моментот за Македонија тоа е позитивно, да се направи вистинско инфраструктурно поврзување, особено за земја која не излегува на море./МИА

Слични содржини