Прислушувањето на над 20.000 граѓани кое во јавноста го обелодени лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е тежок удар врз слободите и правата на граѓаните особено врз нивното право на приватност и неповредливост при слободата на комуницирање, смета Македонската академија на науките и уметностите

„Самиот факт дека се непосредно загрозени граѓанските слободи и права укажува на сериозноста која ваквите дејства ја имаат врз безбедноста, стабилноста и врз интегритетот не само на секој граѓанин туку и на општеството во целина. Поради тоа МАНУ очекува сите одговорни субјекти и институции да ги преземат своите законски овластувања и мерки за надминување на создадената состојба„, стои во соопштението од МАНУ.

Слични содржини