Мареј: Ме изненади одлуката на Ѓоковиќ да тренира со Агаси

од Vladimir Zorba

 

Најдобриот светски тенисер Енди Мареј е во период на криза на резултати и ја нема формата од ланската сезона кога и стигна до првата позиција на АТП листата. Мареј со свој став реагираше и за одлуката на Новак Ѓоковиќ да го отпушти комплетниот тренерски тим и во следниот период да работи со поранешниот најдобар светски играч Андре Агаси.

– Бев изненаден кога Ѓоковиќ соопшти дека ќе работи со Агаси. Тоа е секако позитивна работа за Новак и добра за тенисот, што големите играчи се тука. Не ми е познат нивниот договор, но од тоа што го знам Андре е премногу зафатен и со други работи, а има и своја тениска школа во Лас Вегас.

Мареј во ланското финале на Ролан Гарос загуби од Ѓоковиќ, а токму овој Грен слем турнир почнува во недела 28 мај.

Слични содржини