Мареј: Размислувам за првото место на АТП листата

од desk3

Британскиот тенисер Енди Мареј оваа година ја игра во одлична форма и од таа причина пореални се можностите да успее да се искачи и на првата позиција на АТП листата. Мареј има вкупно 10.485 поени, или 2.415 помалку од водечкиот Новак Ѓоковиќ.

69971-88347

– Да, размислувам за првото место особено што не сум далеку. Се помалку чувствувам притисок, претходно имав многу поголем. Сите само зборуваа за моето освојување на Грен слем турнир. Кога победив на УС Опен, зборуваа за триумф на Вимблдон. Кога го направив и тоа, притисокот е намален, изјави Мареј.

Вториот светски тенисер напомена исто така дека отсуството на Рафаел Надал и на Рожер Федерер е предност за другите тенсиери.

Мареј оваа недела ќе игра на турнирот во Виена, каде е рангиран како прв носител/МИА

Слични содржини