Актуелно
Почетна / Спорт / Марија Шарапова: Нема да ме спречите

Марија Шарапова: Нема да ме спречите

Никакви зборови, игри или активности, нема да ме спречат да ги постигнувам своите цели “, напиша руската тенисерка Марија Шарапова во социјалните медиуми. Шарапова ја објавува изјавата во врска со одлуката на Француската федерација да не ѝ обезбеди “Вајлд карта” за Ролан Гарос. Истовремено таа се повлече поради повреда од натпреварот во вториот круг на турнирот во тенис во Рим против Хрватката Мирјана Лучиќ- Баро и така загуби шанси да влезе во главната шема и на „Вимблдон“.

30-годишната Русинка која се врати по издржувањето на казна од 15 месеци поради допинг, порано доби одбивање за вајлд карта за опен Франција, како за главната шема, така и за квалификациите.

Успехот на Шарапова во првиот круг во Рим сепак ќе ја испрати во првите 200 на светската ВТА листа, што најверојатно ќе биде доволно за учество во квалификациите на “Вимблдон”.