Марин: Во Општина Аеродром се исчистени 27 депонии и 22 зелени потези, продолжуваме со санација

од desk4

„Исчистени 27 депонии и 22 зелени потези. Општина Аеродром продолжува со санација на останатите локации. Пријавате несоодветно фрлање отпад!

Во рамките на големата Еко-акција, во соработка со Град Скопје саниравме 27 депонии и уредивме 22 зелени потези на територијата на Општина Аеродром. Конкретно, расчистени се 8 локации во реон Јане Сандански, 4 во реон Ново Лисиче, 5 во Реонски Центар и Лисиче и 10 во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.

Општина Аеродром продолжува со санирање на останатите локации, како и со тековно уредување на сите јавни површини.

Истовремено, комуналните инспектори редовно интервенираат за да нема повторно собирање отпад. Доколку забележите фрлање отпад на несоодветни локации, пријавете на телефонскиот број 076 316 515. Комуналните инспектори на Општина Аеродром се достапни секој ден од 08:30 до 10:00 часот“, напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на својот фејсбук профил.

Слични содржини