Почетна / Актуелно / Марион Котијар роди девојче

Марион Котијар роди девојче

Бебето е второ дете на актерката и нејзиниот партнер Гијом Кане.

Француската ѕвезда Мерион Котијар стана мајка на девојче, соопшти нејзиниот претставник. Ова е второ дете на актерката и нејзиниот долгогодишен партнер, режисерот Гијом Кане. Првото дете на двојката е момченце на 5 и пол години и носи име Марсел.

Котијар соопшти дека детето го очекуваше уште од минатиот септември, со што ги негира гласините дека токму таа е причината за разделбата на Бред Пит и Анџелина Џоли.

Како што веќе знаете Французинката снимаше филм заедно со Пит, во кој имаа доста интимни сцени и тоа предизвика сомневања дека двајцата имаат врска и во реалниот живот. Дури нивната привидна афера беше посочена од медиумите како причина Анџелина да побара развод. Но малку по скандалот Марион соопшти дека е бремена и го сака таткото на своите деца