Марк Цукерберг дипломираше 12 години откако го напушти Харвард

од Vladimir Zorba

Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг доби диплома од Харвард, 12 години откако го напушти универзитетот. За ова тој напиша на страницата на Фејсбук. “Мамо, ти реков дека ќе се вратам и ќе дипломирам”, пишува Цукерберг, кој доби почесна диплома од Универзитетот и веќе е доктор по право.

Идниот милијардер се запишал на Харвард во 2002 година. Во 2004 година тој го напуштил престижниот универзитет, за да работи на развојот на една од најголемите социјални мрежи во светот.

Цукерберг не е единствениот сопственик на голема технолошка компанија, кој го напушта универзитетот, пред да заврши. Бил Гејтс го напушта Харвард, за да го формира Мајкрософт, a Стив Џобс – Рид Колеџ за да работи на проширувањето на Епл.

Слични содржини