„Марка“: Бејл и Бензема играат за својата иднина во Мадрид

од Vladimir Zorba

Герет Бејл и Карим Бензема играат за својата иднина во Реал Мадрид против ПСЖ, пишува весникот „Марка“.

Двајцата, заедно со Кристијано Роналдо, се очекува да го предводат нападот на „белите“ против францускиот тим и според изданието тоа е една од последните можности да покажат дека за нив има место на „Бернабеу“.

Сезоната на Реал е на пат да се претвори во целосна катастрофа при евентуална елиминација од ПСЖ, а Бејл и Бензема и онака се под сериозен притисок поради многу слабата презентација во кампањата.

Весникот забележува дека Велшанецот е всушност прилично неефективен во важните натпревари од турнирот, откако до сега има 12 гола во 41 учество во натпреварувањето за Реал. Половината од неговите погодоци дојдоа освен тоа во неговата прва сезона, кога навистина играше добро и го постигна победоносниот гол против Атлетико во 2014-та во Лисабон.

Бензема се справи подобро во целина, но падот кај него оваа сезона е навистина огромен, откако има само 6 гола во 25 натпревари, па само со силни перформанси ќе ги врати навивачите на своја страна.

Слични содржини