Многу тешко ќе се создадат услови за комплетно фер и демократски избори, па дури и да се потпишат серија договори како оној во Пржино. Дури и да се пролонгираат изборите, не знам дали тоа воопшто нешто ќе смени, вели  проф. Ненад Марковиќ во интервју за порталот Фактор.  Политикологот  не е изненаден од ставот  на владејачката партија дека премиерот Никола Груевски нема да се повлече од функцијата доколку  бидат одложени изборите  во април.nenad-markovic

„Оставката на Груевски е од една страна голем пораз за него лично и за ВМРО-ДПМНЕ  но и опасност. Опасност во смисла дека доколку Јанева планира да покрене обвинение,  моментот кога тој ќе даде оставка се чини како идеален за ваков потег. Ова може многу да му наштети на веќе детронизираниот Груевски и тогаш опозицијата ќе има основа да тврди дека Груевски не е веќе легитимен играч на политичката сцена. Но ова е преоптимистички план. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите  мислам дека Груевски ќе се врати како премиер и ќе го прокнижи тоа како голема политичка победа. Ова во голема мера ќе и ги врзе рацете на Јанева во понатамошните постапки“ проценува универзитетскиот професор од Правниот  факултет.

Според проф. Марковиќ Вашингтон и Брисел  ќе вршат притисок  да се  затворат сите точки од Договорот во Пржино   и процесот да заврши по секоја цена . „ Вашингтон и Брисел ќе сакаат избори кои сите ќе ги признаат. Стабилноста и легитимниот изборен процес е нивната крајна цел.

Во однос на ставот на  екс премиерот и прв човек на Комерцијална банка  Хари Костов за формирање на Влада на широка коалиција и Валутен борд,  политикологот Марковиќ со став: „За валутниот борд не можам да коментирам бидејќи не сум економист, но самиот факт што релевантен политичар и поранешен премиер заговара ваква идеја не ме радува. Што се однесува до Влада на широка коалиција, можеби и не звучи така нереално. Но за ова треба силен притисок од меѓународната заедница која во меѓувреме треба да сфати дека договорот од Пржино е невозможно да се спроведе“.

Интервјуто прочитајте го тука.

Слични содржини