Мароканец стои зад нападите во Брисел и Париз

од Vladimir Zorba

Белгиец со мораканско потекло ги подготвувал нападите во Брисел и Париз. Усама Атар, познат и како Абу Ахмат, се споменува во сведочењето на сите заробени досега џихадисти поврзани со двата терористички напада. Во последниот месец властите во Белгија вршат претреси во домовите на роднините на Атар, запленети се и сметките во земјата.

Се смета дека тој во моментов се наоѓа во Сирија. Парламентарна комисија во Белгија, која ги истражува нападите во Брисел од 22 март минатата година, располага со податоци за клучната улога на Усама Атар. Се смета дека тој е и мозокот зад серијата напади во Париз на 13 ноември 2015 години. Тој бил препознаен на слика од алжирски џихадист, заробен од француските власти.

Според истражните органи во Белгија Атар ги координирал двата напади од Сирија. 32-годишниот Белгиец од мароканско потекло е роден во квартот Мобелбек. Пред да се радикализира и бил познат на полицијата најмногу поради ситни кражби. Во 2005 година тој е фатен од американските единици во Иран поради шверц со оружје.

Добива доживотен затвор и е испратен во затвор Абу Граиб. Токму таму се запознава со Абу Бакр Ал Багдади, наречен Калифа, кој подоцна станува лидер на групата Исламска држава.
Пред 2012 година Усама Атар е ослободен од затвор од хуманитарни причини.

Неговото семејство тогаш тврди дека тој е болен од рак и почнува меѓународна акција во која се вклучуваат белгиското МНР и организацијата Амнести интернешенел. Американците го ослободуваат од затвор и тој се прибира во Белгија. Дијагнозата се покажува лажна, а неколку месеци по тоа тој повторно исчезнува од радарот на властите. Атар е братучед на двајцата браќа терористи Ал Бакарди кои експлодираа минатата година во Завентем и во метростаницата Малбек. Неговиот брат исто така беше заробен минатата година, неколку дена по нападите во Брисел, а на облеката и на лицето му беа пронајдени траги од експлозив.

Слични содржини