Марсел Хиршер ја освои првата светска титула во велеслаламот

од Vladimir Zorba

Австриецот Марсел Хиршер стигна до својата прва светска титула во велеслалом, откако победи на трката во Санкт Мориц, Швајцарија. До овој момент Хиршер имаше два сребрени медали во дисциплината, како на последните две светски првенства беше поразен од Американецот Тед Лигети, кој го пропушта шампионатот на во Швајцарија, поради повреда. 5-кратниот победник во Светскиот куп го искористи овој факт и направи две многу солидни Манш, за да триумфира со титулата. Австриецот имаше предност од 0.26 секунди по првата трка, по што беше многу стабилен во вториот и стигна до успехот, оставајќи го зад себе својот сонародник Роланд Лаитингер кој беше најбрз во вториот Манш.

Слични содржини