Марсело веќе е најпрецизниот дефанзивец во историјата на Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на европскиот клубски шампион Реал Мадрид – Марсело, го запиша своето име во историјата на Лигата на шампионите со златни букви.

Со својот гол при вчерашната победа над Баерн Минхен, бразилскиот репрезентативец стана најуспешен дефанзивец во елиминациите на турнирот, во однос на постигнати голови. Тој веќе има седум погодоци, надминувајќи го својот капитен Серхио Рамос (6).

Во текот на оваа сезона, Марсело постигна гол во сите елиминациски фази од Лигата на Шампионите – против ПСЖ, Јувентус и Баерн.

Дефанзивецот го израмни резултатот против Баварците на „Алијанц Арена“ синоќа за 1:1, а Реал постигна клучна победа со 2:1 во првиот 1/2-финален натпревар од турнирот.

Реваншот во Мадрид ќе се одигра следниот вторник.

Слични содржини