Maserati Alfieri како директна закана за Tesla Roadster (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Maserati планира да се спротистави на претстојниот Tesla Roadster со чисто електрично купе кабриолет, со име Alfieri, способен за забрзување од 0-100 km / h за околу 2 секунди. Овој ѕвер дебитира како дел од новиот петгодишен план на Fiat Chrysler Automobile. Новиот Alfieri ќе биде серија од четири модели, нудејќи и таков на електричен погон.

Освен електричното купе, компанијата ќе лансира и нов, попристапен модел, кој најверојатно ќе се базира на Alfa Romeo Stelvio. Покрај тоа, ние конечно ќе видиме сериска верзија на концептот Alfieri.

Според плановите на компанијата моделот со Maserati ќе биде спортскиот автомобил Alfieri кој ќе биде пуштен со каросерии купе и кабриолет. Автомобилот ќе биде изграден на нова шасија и ќе добие различни погонски системи, вклучувајќи хибриден погон и целосно електрична верзија со три мотори и двоен пренос.

Во меѓувреме во 2022 година во гамата на Maserati ќе има најмалку 8 хибридни возила, а при обновувањето моделите ќе добијат автономен систем од трето ниво. Тоа е систем за контрола при движење на автопат, но по патишта со непредвидлив сообраќај возачот ќе треба да го преземе управувањето.

Слични содржини