Со доаѓањето на новата сезона е време да се обрне внимание и на некои акценти во машката мода. Каков ќе биде ликот на мажот за есен-зима 2015? Трендовите ветуваат стилско емитување во повеќе бои и најмногу парчиња во кои господата ќе се чувствуваат удобно.6ae67f9d5ed9a1ab519000ca2e1dbee4

Обрнете внимание на дезените и тоа како може да ги комбинирате: риги, каре, точки. Една од најпознатите бои за машки костум е сивата. Во сите нејзини варијанти сивата е одлична боја, но има потреба од мали обоени акценти.398adae576eda191e34801b53555228f

Може да го комбинирате со малина, пепелаво розе, сина, кафеава. Во овој имиџ има комбинација на пет бои и три дезени. Бидете внимателни при комбинирањето на дезени бидејќи е многу лесно да ја преминете границата и изгледот да не биде стилски.1592a251f05055f2bc36813c56c4bee8

Кажете “Да” на светлите бои не само кај топлите џемпери, но и кај горната облека. Еден секојдневен пријатен изглед е оној во кој водечката боја е топлото жолто. Боја, кој се комбинира одлично со сините нијанси, зелена, црвена, сива, црна. Во ладните денови не заборавајте и за стилски додатоци како топлите шал-јаки и ракавици.827be6699692f3f159ced2968b5a531c

Геометриските фигури ќе бидат дел и од машката мода за следните сезони. Топлите елеци и други трикотажи за сезоната во убави комбинации на бои, дезени и фигури се одлично дополнување на класичната панталона и кошула. Една свежа визија во зелена, кафеава и сина.299a0febdd74c7765a4cc342c8a4d693

Класичниот елегантен изглед ќе биде во свежите бои. Сивата е новата црна. Панталоните се стеснуваат кон глуждот, имаат раб, јаките на кошулите се големи, вратоврската е акцент во имиџот. За финале мантил или палто повторно во класична линија, но во светла боја.

Кога сакате да се создаде совршен изглед, обидете се да употребите во него не помалку од три бои и не повеќе од пет.

Слични содржини