Машките хормони: Како тестостеронот влијае на мажите?

од Vladimir Zorba

Научни соработници од САД спроведоа истражување во оваа област. Резултатите од нивната истражувачка работа беа публикувани на сајтот на Калифорнискиот институт за технологија и во некои специјализирани изданија. Истражувањето покажа дека мажите со високо ниво на тестостерон се подготвени да прифатат спонтани решенија, потпирајќи се на сопствената интуиција. Освен тоа практично секогаш тие не се способни и не се подготвени да го признаат сопствениот проблем. Во експериментот биле вклучени повеќе од 200 претставници на посилниот пол, избрани по случаен избор. На нив им било предложено да прифатат доза хормон или плацебо. Потоа волонтерите поминале тест кој вклучува неколку различни математички задачи кои бараат внимателно разгледување и проверка. Како резултат, овие мажи кои го имаат тестостерон, почесто од останатите давале лажни одговори, бидејќи се потпират на своето прво инстиктивно чувство. Исто така, тие не се обиделе да ги проверат своите решенија, следејќи го патот на логиката.

Слични содржини