Maшките навики кои ги одбиваат жените

од Vladimir Zorba

Истражување направено во Велика Британија, открива кои навики на мажите најчесто ги одбиваат дамите, пишува “Дејли стар”.

Анкетата на EnduraRoses опфати 2.000 лица. Резултатите од неа покажуваат дека за над 80 проценти од жените најодбивни се лошите, несоодветни и невкусни шеги, кои имаат навика да ги “пуштаат” мажите. Претставниците на посилниот пол треба да знаат и дека непријатното молчење и неумеењето да водат разговор исто така може да ги “поремети” нивните шанси да го освојат срцето на потенцијална партнерка.

Меѓу навиките на мажите кои се во можност да ги одбијат дамите, се исто телефонските повици за време на состанокот, прекумерното пиење, нервното или депресивно однесување, лошите манири, пушењето, премногу агресивно додворување, доцнењето за средба.

Анкетата покажува дека современите жени продолжуваат да ги ценат кавалерството и романтичните гестови. Мажите кои ја придржуваат вратата, за да помине дамата, поднесуваат рака, нудат облека и носат цвет или подароци на состанок, имаат најголеми шанси да ѝ го освојат срцето.

Слични содржини