Маска со кафе ја прави кожата сјајна

од Vladimir Zorba

Кога станува збор за подобрување на изгледот на кожата, овошните маски секогаш се окупирани првите места. Додека тие навистина го освежуваат лицето и го подобруваат здравјето на кожата, многу други вкусни состојки во кујната заслужуваат внимание во оваа сезона.

Ако никогаш не сте се обиделе да нанесете кафе на вашата кожа, тоа дефинитивно е пропуст. Еве како може да се подготви маска за лице со кафе, за подмладена кожа.

– Ни требаат една лажица мелено кафе и две лажици мелен овес.

– Измешајте ги добро и додајте една лажица мед, за да стане паста.

– Потоа додадете 1 – 2 лажици цимет во прав и сите состојки се мешаат добро.

– Смесата се нанесува на кожата и оставете за 20 минути.

– Потоа лицето се мие со топла вода.

Ако го правиме тоа два пати неделно, ќе се радуваме на убава и чиста кожа. Во случај да нашата кожа е чувствителна, не треба да користиме цимет во прав.

Оваа маска не само што мириса вкусно, но исто така и ја навлажнува и подмладува кожата, оставајќи ја сјајна. Исто така има и ексфолирачки својства, кои помагаат да се отстранат мртвите клетки на кожата и ја омекнуваат кожата.

Кофеинот придонесува за зацврстување на кожата што може да спречи стареење и појава на брчки.

Дозата на рецептот може да се удвои и маската да се користи за ексфолијација на целото тело.

Слични содржини