Куркумата е прекрасен зачин, кој не само што дава егзотичен вкус на јадењата, но и ја прави кожата сјајна, здрава и еластична.d20c396c97791288f4bc54914b63a8fc

Куркумата е суштински дел од секоја козметичка процедура. Кога се нанесува на кожата како паста или маска за лице, таа помага во лекувањето на акни, егзема, розацеа, пигментација. Освен тоа ја подмладува кожата.

Оваа прекрасна билка има уште антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Таа ги лекува не само различните кожни дефекти и лузни од акни, но дава и помлад и свеж изглед на кожата.

Редовната употреба на маски со куркума ја подмладува кожата, ги пегла брчките и фините линии.

Основна маска со куркума
За да си направите основна маска со куркума, измешајте малку мед, јогурт или млеко со неколку лажици куркума. Промешајте во сад и нанесете ја смесата на кожата.
Оставете да делува околу 20 минути и измијте со млака вода.

Маска со куркума за убава и нежна кожа
Измешајте 2 лажички екстракт или прав од сандалово дрво со 2 лажици куркума, ½ чаша наут, 1 лажица бадемово масло. Ако смесата е многу густа, додадете малку вода и промешајте.
Нанесете на сува кожа, оставете ја маската да се исуши, а потоа измијте со вода.2e4052801629ff53ae80f2520792c520

Маска со куркума за сува кожа
Комбинирајте 1 лажичка куркума, 1 лажица млеко во прав со малку вода. Нанесете ја маската за околу 10-15 минути. Потоа измијте.

Маска со куркума за проблематична кожа со акни
Измешајте 2 лажици урда, ½ лажичка куркума и ½ лажичка масло од сандаловина. Треба да се добие мазна паста. Нанесете и по 15 минути измијте.

Маска со куркума за мрсна кожа
¼ лажичка куркума се меша со малку кокосово масло. Промешајте до добивање на мазна смеса.
Нанесете врз исчистена кожа за да стои 10 минути и измијте добро тогаш.
Кокосовото масло е добро познато со предностите за кожата. Неслучајно многу креми и лосиони ја содржат оваа состојка. Тоа е моќен навлажнувачки агенс, а знаеме дека на мрсната кожа ѝ недостасува хидратација.

Слични содржини