Домот може да биде неверојатен извор на различни состојки кои имаат плодно дејство врз кожата.

За да бидеме попрецизни, ќе ве советуваме да се упатите кон кујната и да ги отворите сите шкафчиња, да разгледате на полиците и да го изберете најдоброто за вашата убавина.cda1a3a976245b75e9246f4d738106ee

Домашните рецепти секогаш ни биле омилени, бидејќи не само што сами си инвестираме време за себе, но и гледаме точно каков е составот на козметичкиот производ кој го поставуваме врз кожата.

Денес ќе ги нагласиме квалитетите на глината за лицето и ќе ви покажеме како точно да направите маска за лице. Со неа ќе постигнете беспрекорен изглед на лицето и ќе добиете неверојатен сјај.

Еве како.
Ќе ви бидат потребни:
2 лажици глина

Половина лажица сандаловина во прав

2 лажици оладена Розова вода

Начин на приготвување:
Глината е основен елемент во поголемиот дел од познатите маски за лице. Состојката има есенцијални придобивки во чистењето на кожата и е богата со минерали кои успешно хидрираат. Измешајте ги состојките и добро промешајте додека не добиете хомогена смеса.
Нанесете на лицето и вратот со вметнување обилен слој. Оставете да се исуши и исплакнете со млака вода. Веднаш ќе забележите дека кожата ви е значително чиста, свежа и светла.
Повторувајте ја постапката барем еднаш неделно, за да го задржите и зголемите ефектот.

Слични содржини