Масовнa антимакедонска кампања во српскиот печат

од Vladimir Zorba

Иако на повеќе насловни  се упатуваат обвиненија против Македонија, сепак денеска телефонски разговор Заев -Вучиќ.

“Македонија ни удри нож во грбот”, “Македонија ни објави војна”, “Заев тргна во војна со Србија”. Ова се само дел од насловите во српски весници по повод скандалозното повлекување  на целиот персонал на српската амбасада од Скопје,

Сите централни печатени провладини изданија во Белград овие денови  излегуваат со слични наслови на првата страница. Во сите публикации се обвинува “за организиран шпионажа од страна на македонските служби против Србија и нејзините дипломати” / во провладиниот во. “Блиц”, бел.ред. /. Таблоидот “Ало” на челната страница, до огромната слика на македонскиот премиер Зоран Заев пишува: Братот Заев ни удри нож во грб . каок што го декларираат прорускиот “Информер” исто на насловната страница пишува: Скандал! Македонците го  прислушувале и Вучиќ. Според “Српски Телеграф” “Заев има објави војна на Србија”, а за најтиражниот весник “Вечерње новости” “Македонците се прислушувале сите официјални лица во Србија”. За официјална  “Политика” Македонската влада предизвикала нов удар против Србија “. Сепак, “Скопје не е ангажирано за разузнавачки активности против Србија, ниту пак имало намера за такви”. Тоа го изјави   македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Тој ги негираше обвинувањата на Белград, според кои Македонија врши офанзива против Србија, поддржана од странство. “Шпекулациите можат само да ни наштетат. Треба да отвориме директен дијалог “, порача  Димитров. Тој потсети дека Македонија сака пријателски односи со Србија и со сите свои соседи.

Ели Јуруков: Белград направи скандал, за да ги прикрие трагите од драмата во македонскиот парламент

Меѓу двете земји се дојде до огромна тензија откако српскиот претставник на тајни служби во амбасадата им во Скопје Горан Живаљевич упадна во македонскиот парламент за време на “крвави четврток” на 27-ми април. Тогаш беа претепани над сто лица. Меѓу нив беше и актуелниот премиер Зоран Заев. Веднаш потоа Горан Живаљевич ја напушти Македонија, а амбасадор Душанка Дивјак-Томиќ беше повикана во македонското МНР. За време на погромот во парламентот Живаљевич си направи селфи.

Минатиот месец, Ивица Дачиќ го  оцени како “грешка признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на властите во Белград”. Изјавата беше дадена за време на неговата посета на Атина.

На почетокот на месец јуни беше откриен таен извештај на македонската Дирекција за безбедност и контраразузнавање / Одделение за анализа /, кој бил испратен до директорот на “Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање” Владимир Атанасовски.

Од него стана јасно дека во последните 9 години Република Македонија е цел на моќна субверзивни, пропагандна и разузнавачка дејност од страна на руската амбасада во Скопје, руските разузнавачки служби, вклучувајќи и преку употреба на акредитирани новинари. Русија сака да ја вовлече  Македонија во српско-грчки сојуз, а енергетските проекти имаат за цел на тотално послушност на Република Македонија. Во објавените разузунавачки документи  детално се опишуваат и активностите на српските агенти во Република Македонија, а особено на скандалозниот дипломат Горан Живаљевич / вработен на српските тајни служби БИА, бел.ред. /, Лидерот на српската партија во Македонија, Иван Стоиљковиќ, како и на пратеникот од партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ Мирослав Лазански.

Македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска треба телефонски да разговараат за последните случувања во односите меѓу Белград и Скопје и повлекувањето на целиот персонал од Амбасадата на Србија во Македонија,објави  македонската информативна агенција МИА.

Од кабинетот на претседателот на Србија за српските медиуми потврдиле дека телефонскиот разговор Вучиќ – Заев е закажан за денеска напладне во 12 часот.

Шефот на дипломатијата на Србија Ивица Дачиќ вчера најави дека и тој телефонски ќе разговара со македонскиот колега Никола Димитров, а планирана е и средба на српската премиерка Ана Бернабиќ со претседателот на Владата на Македонија, Заев, на средбата на премиерите на земјите од Западен Балкан во сабота во Драч.

Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје, првично без образложение на причините. Ден подоцна, во понеделникот, српскиот претседател Вучиќ и министерот за надворешни работи Дачиќ, објавија дека дипломатите и вработените во амбасадата во Скопје биле повлечени поради „офанзивна разузнавачка активност против институциите на Србија“.

Српскиот претседател Вучиќ синоќа во изјава за РТС рече дека  „работите меѓу Македонија и Србија ќе тргнат во подобар правец“. Најави дека за некој ден ќе биде вратен персоналот во амбасадата во Скопје и оти работите ќе се нормализираат. Вучиќ не очекува односите да бидат на највисоко ниво, туку, како што наведе, пристојни.

Потврди дека денеска ќе телефонски ќе разговара со Заев за актуелната состојба и за можностите за идна соработка.

Владата на Република Македонија ги поздрави најавите од официјален Белград за заштита на пријателските односи и за враќање на состојбите во вообичаени рамки.

Слични содржини