Матна е работата

од Vladimir Zorba

Не нема, не постојам. обезтелесната сум. избришана. мртва. не можам да гласам. три дена се јавувавм по телефони во Општина Центар, пота во ДИК, па пишувам претставка до Народен правобранител, потоа добивам телефонски повик од службеник кај Народниот правобранител… од Општина Центар службеничката ми вели, „е па тоа е, затворен е списокот, ништо, ќе гласате за локални избори, еве ги, кај ѝ да е ќе дојдат!“ велам, „ама локални се едно, парламентарни друго.“ ми вели: „е добро де, едни избори ќе пропуштите, ништо страшно.“ велам: „ама за мене е страшно, за мене се ова едни од најзначјните избори за иднината на оваа земја.“ ми вели: „еее, сега, не се вознемирувај девојче, голема работа, еве доаѓаат локалните!“ велам: „ама како може цело време гласам на истата адреса, во истата општина…“ вели, „е па од каде да знам, еве може, стрпи се, локални идат.“ велам: „не, сакам сега.“ вели: „е не може сега, зошто не си разбрана!“

Iskra-Geshoska-700x500

Службеникот од кај народниот правобранител ми вели: „еве, ја проследивме вашата пријава до ДИК, ама не се надевајте многу, од утрово па до 12 часот само мене ми се јавија 63 луѓе, а од понеделникот навака скоро 2000 луѓе се јавија. што да ви кажам, и како службеник и како правник, а пред сѐ како човек: матна е работата.“

Ми одѕвнува формулацијата на службеникот од кај Народниот правобранител: „матна е работата“. јас веќе не знам што е матно а што не. не знам како се дозволи вака матно и муљаво да биде. но знам дека не постојам. ова е едно непостоење од кафкијански размери. во оваа земја те усмртуваат и кога биолошкиот живот сѐ уште трае. наративот со изборните списоци е крунскиот доказ дека нашиоте животи се животи на непостоечките кои сакаат да влезат во зоната на постоење но на кои еродираниот државен апаратус не им дозволува. наративот со изборниоте списоци говори за тоа дека сме во логорот на замолчените, обесправените, невидливите. симулираните… холограми низ кои поминува трнливата рака на државните и политичките идеолошки, бездарни забала на моќта. не постојам, ме нема.“

Искра Гешоска
фејбук статус

 

Слични содржини