Матурантите ќе танцуваат на скопскиот плoштад

од desk3

Денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“  ќе се одржи  „Матурска парада“ на која традиционално учениците кои го завршуваат средното образование ќе танцуваат квадрил…Оваа матурска манифестација ќе се одржи по 11. пат. Плоштадот ќе се обои во жолто-сина боја. Момчињата ќе носат сини а девојчињата жолти маички.

 

За првпат годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

Организаторот на манифестацијата, Дирекцијата за култура и уметност-­Скопје, очекува да се вклучат околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици.Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.

Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Слични содржини