Вчера ви претставивме како е најсоодветно да ја запросите секоја од припадничките на 12-те Хороскопски знаци, за да си имате на ум. Сега пак ќе се фокусираме на најлошите квалитети на секој маж, според неговиот хороскопски знак.0eca00668233bc18a926e5d738cb86aa

Ако сте љубител на астрологијата, сигурно ќе се забавувате со текстот подолу, а најверојатно ќе најдете и многу вистина во напишаното.

Без разлика кој е хороскопскиот знак на вашиот омилен маж – тој сигурно е најдобар за вас и ги надминува сите останати, но сепак имајте ги предвид овие негови негативни карактеристики:

Овен

Адолф Хитлер бил Овен и ова има смисла. Мажите од овој знак сакаат да доминираат и имаат тенденција да драматизираат многу кога работите не одат по нивниот план. Тие лесно се лутат и лутината е силна. Тие се моќни и енергични, а темпото им е тешко да се следи.

Бик

Овие мажи се метросексуални материјалисти. За пари се подготвени на речиси сè. Покрај тоа често мажите Бикови се суетни за партнерот (сетете се за Дејвид Бекам). Другиот многу лош квалитет на овие мажи е дека имаат тенденција да им се потсмеваат на другите за нивната облека, изглед и несовршености. Покрај тоа често овие мажи се … многу здодевни.

Близнаци

Прототипот на маж од овој знак навистина има двојна личност – во еден момент тој е зол гениј, во друг е комплетен идиот. Главниот недостаток е неговата непредвидливост, а исто така и тоа што сака да ги тера луѓето да се чувствуваат непријатно. Мажите Близнаци немаат чувство за такт и не ја владеат дипломатијата. Познат претставник на овој знак е Џони Деп.

Рак

Овој маж е премногу ранлив и чувствителен, освен тоа често е тажен и мрачен без посебна причина. Друг негов недостаток е тоа што сака да го контролира животот на партнерот и не е заинтересиран дека навлегува премногу нагло во нејзиниот личен простор. Познат претставник на знакот рак е Том Круз.

Лав

Мажите од овој знак се многу суетни суштества кои бараат постојано внимание, инаку оладуваат кон партнерот. Тие се опкружуваат од подлизувачи и ласкавци, кои ќе го галат огромното его. Мажот Лав не е многу голем пријател, бидејќи смета дека другите треба да му прават услуга. Познат маж од овој знак е Барак Обама.

Девица

Мажот Девица е мрзелив, но не во традиционална смисла. Тој повеќе не се дели во односите, штеди и го чека сето на готово. Покрај тоа, тој има тенденција да се анализира сè што е прилично досадно. Девиците се расисти и се хипохондрици. Познат маж од овој знак е Чарли Шин.

Вага

Вагите се флертувачи кои се склони кон изневери. Тие се многу мрзливи, но во буквална смисла – тешко стануваат од кревет и од каучот. Освен тоа се премногу нерешителни што не е секси. Познат маж Вага е Вил Смит.

Скорпија

Овие мажи се злобни социопати кои би наштетиле и на невина мушичка, ако ја осомничи за предавство. Скорпиите се тажни и комплексни личности. Можат да се многу груби, бескрупулозни и дури зли. Позната скорпија е Леонардо ди Каприо.

Стрелец

Овие мажи се невоздржани, премногу спонтани и често се однесуваат како полни идиоти.Тие не се особено разумни и имаат тенденција да се спротиват за сè на сите. Освен тоа се сметаат за паметни и подуховни личности отколку што се всушност. Познат Стрелец е Бред Пит.

Јарец

Овие мажи тешко излегуваат од школката и се болно срамежливи. Тие обично држат да се движат по строг план и не се воопшто спонтани. Освен тоа се малку чудни, многу критични, а кариерата им е поважна од личниот живот. Познат претставник на овој знак е Бредли Купер.

Водолија

Мажот Водолија е хипик по натура. Мисијата на неговиот живот е да не живее здодевно, што го тера да прави многу глупави работи секој ден. Овие мажи не сфаќаат дека понекогаш стануваат здодевни токму со желбата да се оригинални и да се далеку од стереотипот. Позната Водолија е Џастин Тимберлејк.

Риби

Рибите немаат смисла за хумор. Тие се премногу чувствителни и се депресивни личности.Тие ги прифаќаат сите шеги за “навредливи” и сите лични прашања за “непријатни”. Тие се многу лизгави како вистинска риба и тешко можете да ги фатите за сериозен разговор. Познат маж од знакот Риби е Адам Лавињ.

 

Слични содржини