Несекојдневна ситуација е забележана во Британска Колумбија во Канада во која главен актер е црна мечка која се забавува во близина на базен.


На Youtube е објавена снимка на која се гледа како црната мечка ја зема гумата за пливање и ја става околу половината.

Овој потег корисниците на социјалните мрежи го доживеаја како симпатичен, па предлагаат на мечката да и се дадат лосион за сончање и капа за пливање.

Сепак, има и загрижени за авторот на снимката кој вели дека ова не му е прва средба со црна мечка.
Ден претходно сретнал мечка како се храни од кантата за ѓубре, а ја видел и кај базенот.

 

Слични содржини