Медитацијата и музиката помагат против губењето на меморијата

од Vladimir Zorba

Медитацијата или слушањето на смирувачка музика има позитивно влијание врз возрасните луѓе кои почнале да губат меморија. Ова го покажува студија на Универзитетот во Западна Вирџинија, САД, според која ваквите практики можат да го забават развојот на Алцхајмерова болест, пишува научното списание “Сајанс дејли”.

За време на контролен преглед 60 возрасни пациенти кои страдаат од субјективно слабеење на когнитивните функции, што само по себе може да е во рана фаза Алцхајмер, требало или да почнат да практикуваат медитација за почетници Киртан или да слушаат редовно музика.

Без разлика која од двете практики пациентите ја претпочитале тие требало да ги практикуваат 12 минути секој ден во текот на 12 недели. Како резултат и двете групи покажале значително подобрување на својата когнитивна функција во рамките на 3 месеци. Ова вклучува и некои од раните фази на деменција како внимание, меморија, извршување на задачи и др.

Подобрувањето се задржало и дури се зголемено во следните три месеци по завршувањето на испитувачкиот период. Покрај подобрувањето на мозочната активност и двете групи имаат пријавено здрав сон, подобро расположение, намален стрес и комплетно подобрен квалитет на живот.

Според истражувањето на американските научници две едноставни активности како медитација за почетници и слушањето на музика имаат толку корисен ефект врз здравјето.

Слични содржини