Медиумите грмат по разговорот меѓу Трамп и Путин: Тоа ќе ја промени целата меѓународна дипломатија

од desk2

Москва и Вашингтон се подготвени да се движат кон рамноправна соработка, а не ривалство.

Телефонскиот разговор меѓу претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин стана најмногу озборуван настан и од двете страни на океанот. На пример, во рускиот парламент сметаат дека развојот на односите меѓу земјите повторно доби смисла, кој беше изгубен при претходната администрација на Белата куќа. Таму исто така, истакнуваат дека темите за кои разговарале претседателите, наведуваат на помислата дека Москва и Вашингтон се подготвени да се движат напред кон рамноправна соработка, а не ривалство.
Ваквите изјави прават и на запад. На пример, весникот Financial Times објави напис, чиј автори сметаат дека Трамп и Путин поднеле барање за подобрување на руско-американските односи. На истото мислење се и новинарите од Ројтерс: во борбата против тероризмот, уверени се тие, САД и Русија можат да создадат единствен фронт.

“Ова може да сведочи за сериозни промени во политиката, бидејќи во дадениот момент соработката во голема мера е ограничена само на координација на активностите за обезбедување на безбедноста на работата на авијацијата на двете страни и минимизирање на ризикот од случаен судир”, се истакнува во публикацијата.

Генерално во американскиот печат тонот на беседата беше определен како “деловни” и “позитивен”. Дури телевизиски канал Си-Ен-Ен, кој до неодамна си дозволуваше да шири невистини на адреса на Трамп и во текот на целата предизборна кампања го нарекуваше “не вашиот човек”, овој пат го смени расположението. Во извештајот од Москва дописникот на каналот Метјуз Чанс призна дека ако двете страни започнат да соработуваат, тогаш ова радикално ќе ја промени меѓународната дипломатија.

Слични содржини