Медиумите повторно го “самоубија“ Мистер Бин иако тој е во супер здравје

од Vladimir Zorba

Уште еднаш го “убија” актерот Роуан Аткинсон, популарен по својата улога на “Мистер Бин”. Вчера британските медиуми излегоа со веста дека тој се самоубил, пишува МИА. Излегува дека тоа е лага и Аткинсон е жив. Не за прв пат го прогласуваат актерот за мртов. Минатата година медиумите на Островот пак го “убија” Мистер Бин. И во 2016 според медиумите една од верзиите за неговата смрт е самоубиство. Излезе дека Аткинсон е во супер здравје.

По уште една вест за смртта на комичарот фановите скокнаа со гневни коментари против медиумите во социјалните мрежи.

Филмската кариера на Аткинсон започнува во 1983 година со улога во неофицијалниот Џејмс Бонд филм “Никогаш не кажувај никогаш повторно” и следеше водечка улога во “Мртов навреме”, има мала улога во “Вештерки” – филм во кој игра о Анџелика Хјустон и повторно мало учество во “Четири венчавки и еден погреб” – улогата на  почетник свештеник.

Роуан Аткинсон е гласот на Жужул во “Кралот Лав”, учествува во “Бескрупулозната трка” во 2001 година, “Скуби-ду” во 2002 година, “Навистина љубов” во 2003 година.

Херојот со кој актерот е најмногу познат, е мистер Бин. Тој се појавува за прв пат во половина часовен телевизиски филм од 1988 година. Во следните години во неправилни интервали се појавуваат голем број продолженија, а подоцна се направени и долгометражни кино верзии -во 1997 и 2007.

Слични содржини