Медиумите во Хрватска: Китаровиќ прва звезда, Вучиќ ништо конкретно- а што ли и подари таа на сопругата на српскиот претседател

од desk3

 

Хрвтските медиуми во извештаите од инаугурацијата на претседателот Вучиќ пишуваат за настапот на својата претседателка Китаровиќ како и за тоа што кажа Вучиќ  “Јутарњи“ истакнува дека Китаровиќ го украла шоуто, како и дека  “ Вучиќ се воодушевил кога и го дала поклонот на неговата сопруга“.

Тие потоа ги наведоа изјавите на Вучиќ со посебен осврт на дел за тоа дека Србија е подготвена да направи исчекор од митологијата во иднината и истакнуваат дека Колинда Грабар Китаровиќ била “убедливо прва звезда на инаугурацијата  ““Александар Вучиќ  новиот претседател  на Србија на 30 мај веќе имаше велелелепна церемонија во Српското собрание, но сега сепак направи пограндиозна инаугурација“, објавува Јutarnji list.

“Облечена во фустан со боја на циклама со хрватски брош на срцето стоеше во првиот ред и се чинеше дека Вучиќ најсрдечно се поздрави со неа. Причината за тоа е и поклонот кој Колинда и го даде на сопругата на Вучиќ, Тамара. Поклонот беше спакуван во црвенол кутивче чија содржина за сега е непозната, но Блиц опишува дека на крајот се тоа сепак ќе заврши кај синот на Вучиќ “.Веројатно многу бргу ќе се дознае што хрватската претседателка и даде на „госпожа претседателка“ на сопругата на Вучиќ

Слични содржини