„Јашар-бег“ и „Хасан Приштина” ова се новите имиња на училиштата „Јане Сандански” и „Цветан Димов” кои се наоѓаат во скопската општина Чаир.

Градоначалникот Изем Меџити на својот Фејсбук профил п ги објави решенијата за преимењување на овие училишта.

izet-medziti

„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се  менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “).“, стои на ФБ профилот на градоначалникот Меџити.

Двете одлуки на МОН се со потпис на министерот Адему (датум 08.06.2015), а до Министерството за образование биле испратени на 28.10.2014 .

„Во текот на постапката за промена на имињата се испочитувани сите законски одредби“, вели Меџити.

uciliste_cair uciliste_cai1

Слични содржини