Еден месец протести низ улицита на Македонија. Масовните протести на Шарената револуција кои тргнаа од Скопје сега се во речиси сите градови низ Македонија. Најмасовниот протест и натаму  беше во Скопје. Секоја вечер нова тема  и нова порака под мотото „Нема правда нема мир“, и секоја вечер печатот на пораките и несогласувањето а тоа се боите на шарената револуција. Демонстрантите синоќа ја печатираа,  ја обоија зградата на Пазарната инспекција , и  му отидоа на гости и на Груевски, пред неговата зграда, со запалени факели, со снимки од „бомбите“ и со песни. Во Битола  пак демонстрантите однесоа сено за коњот на Филип Втори, а именуваа и Булевар  на Аболиција.Шарената револуција протрстира и во поголемите светски метрополи , пред нашите амбсади а вчера протестираше и во Брисел пред совето на министрите во ЕУ. Со нив бече и екс евроамбасадорт  за Македонија Ерван Фуере13174080_10157147537440354_1514042370959754317_n

 Се наврши всушнот  е еден месец од скандалозната одлука на претседателот Иванов за помилување на политичарите, поради која започнаа протестите. Демонстрантите не се откажуваат, а нови протести се закажани веќе од утре од 18 часот.

Почнуваме со хронологијата и мегагалеријата токму од Брисел

Шарената револуција протестираше пред советот на ЕУ во Брисел. На протестот се појави и поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере. Од фотографиите во продолжение погледнете како изгледаше протестот.

Фото – Фејсбук


18:51 Скопје , стандардно се почнува од поддршката пред СЈО – Не ви се плашиме!

CiRVxVqWkAAI_ix1

Ова беше најавата за протест:

НЕ ИМ СЕ ПЛАШИМЕ! Ние, македонските граѓанки и граѓани од сите етнички, возрасни и од разновидни политички припадности, на 5 мај 2015 покажавме, а на 13 април 2016 потврдивме дека веќе не чувствуваме страв, туку само огорченост, гнев и бес од авторитарното и корумпирано владеење!

Режимот и лани и сега покажува дека не знае како да се справи со протестите! Се закануваат, заплашуваат, апсат и тепаат! Но ние не им се плашиме и сме уште помотивирани да бидеме помасовни и погласни, низ цела Македонија, секој ден и секоја ноќ!

Ако транзицијата ја осиромаши Македонија, оваа власт ја дозакопа! Оваа власт ги уништи граѓанските и политичките слободи и правото на слободно изразување, но пред се’ ја уништи шансата на луѓето чесно да си го заработат лебот и да си го живеат животот! Ваков арач наметнат на политички неподнобните немало уште од отоманските времиња! Самоволието на политичкиот и бизнис картел на власт, таа владејачка каста составена од корумпираните и арамиите, го претвори чесниот работен народ во трет сталеж кому му преостанува само улицата!

#Протестирам против грабежот извршуван од страна на богатите врз сиромашните, #Протестирам против извршителското самоволие, #Протестирам за Македонија во која сите ќе можеме чесно да работиме, да заработуваме и да имаме достоинствен живот!

Ќе победиме!

 

Фото – Твитер/Мета


19:22 И покрај дождот, Шарената револуција под чадори маршира кон Пазарна инспекција

 

 

 

 

Фото – Твитер, видео – Радио Моф


19:41 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Шарената револуција ја обои зградата на Пазарна инспекција

Уште една државна институција го доби печатот на Шарената револуција. Денеска демонстрантите ја обоија зградата на Државен пазарен инспекторат во Скопје.

 

 

 

Фото – Твитер, видео – Радио Моф


20:03 : Шарената револуција му тргна на гости пред домот на Груевски со запалени факели

Откако ја избои зградата на Пазарна инспекција, Шарената револуција стигна пред зградата каде живее претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Демонстрантите се појавија со запалени факели и со транспарент со пораката „Не ви се плашиме!“.

 

Шутка не ти бега, Никола – Шарената револуција пее пред домот на Груевски

Откако ја избои зградата на Пазарна инспекција, Шарената револуција стигна пред зградата каде живее претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Демонстрантите се појавија со запалени факели и со транспарент со пораката „Не ви се плашиме!“. Демонстрантите пеат „Шутка не ти бега, Никола“.

 

 


21:30 ГАЛЕРИЈА: Струмица синоќа уште помасовно на протест од Шарената револуција

 

 


21:55 ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција и во Радовиш – „гласно против режимот“

И Радовиш се приклучи на протестите на Шарената револуција. Погледнете фотографии од протестот.

Фото – Фејсбук


22:05 ГАЛЕРИЈА: Валандово по втор пат се приклучи на Шарената револуција: Game over братучед

Валандово вечерва по втор пат се приклучи на Шарената револуција. Во продолжение пораката од демонстрантите објавена на Фејсбук, како и фотографии од протестот.

Валандово е на нозе!
Народ се буди, Слобода се раѓа!
Груевски ти доаѓа крајот, Шутка не ти бега Никола.
‪#‎Протестирам‬ против аболиција на криминалци
#Протестирам против контрапротестанти
#Протестирам против иселување на млади
#Протестирам против се што е неправедно
#Протестирам за слобода!
На следниот протест ќе имаме изненадување за Груевски, Иванов и контрапротестите.
‪#‎ШаренаРеволуција‬
‪#‎ОваЕВаландово‬


22:13 ГАЛЕРИЈА: Велес по четиринаесетти пат дел од Шарената револуција

Велес и вечерва со протест се приклучи на Шарената револуција по четиринаесетти пат.


22:19 ФОТО: Прилеп под чадори протестираше, Шарената револуција ги боеше Груевски, Јанакиески, Ристески, Иванов

И вечерва Прилеп се приклучи на протестите на Шарената револуција, и покрај врнежливото време. Демонстрантите ги обоија портретите на Груевски, Јанакиески, Ристески, Иванов…

Фото – Фејсбук


22:30 ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција донесе сено за коњот на Филип Втори во Битола, именуваше Булевар Аболиција

Откако денеска неколку „спонтано собрани домаќинки“ од Битола го чистеа  споменикот на Филип Втори бил „потомок“ на Македонците, вечерва демонстрантите од Шарената револуција исто така покажаа дека се грижат за споменикот, со тоа што му донесоа сено на коњот, роднината на Букефал. Тие го преименува булеварот Први мај во Булевар Аболиција.

Фото – Фејсбук


22:53 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Масовен протест на Шарената револуција во Гевгелија, општината затворена од граѓаните

Вечерва во Гевгелија се одржа уште еден масовен протест на Шарената револуција, а неколку институции меѓу кои и општината добија налепници „затворено од граѓаните“.

Слични содржини