Од фотографиите и видеата во продолжение погледнете како поминаа вечерашните протести на Шарената револуција.CjZYCDsUoAAzXRn


 

„Со оваа власт одиме во пропаст!!!” е главниот слоган на денешниот протест.

На почетокот, беа запалени фотографии од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и Жугиќ, а демонстранти ги потурија куклите со ликовите на аболицираните со кафе, за да „им тече од ногавици“.

 

Фото и видео – Мета/Твитер


ВИДЕО: Шарената револуција тера мајтап со Груевски, демонстрантите скокаа врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ и викаа „Оваа Влада не чини“

Демонстрантите на Шарената револуција на денешниот протест пред Владата донесоа програми на ВМРО-ДПМНЕ и скокаа врз нив, како одговор на интервјуто за Телеграф мк екс премиерот Груевски.

Тој во интервјуто раскажуваше дека граѓанските активисти на НВО и претежно на Сорос биле заведувани а предавањата и трибините на овие невладини организации чул дека наликувале како на сеансите на секти.

– Па, еве, еден пример што ми го раскажа еден од учесниците, мислам некаде во 2009 година од предавањата. Говорејќи им против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо! Или барање во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!! И повеќе слични работи, кои човек го шокираат кога ги слуша. Не се сите вакви методи, имаат и пософистицирани, но имаат и многу вакви – рекол Груевски.

Демонстрантите скокаа врз програмите на ВМРО-ДПМНЕ и извикуваа „Оваа Влада не чини“, по што ги запалија програмите.

 

Фото и видео – Твитер/Мета


ФОТО+ВИДЕО: „Колку чини слободата?“ – мислата на Никола Младенов испишанa пред Владата

Демонстрантите на Шарената револуција на денешниот протест пред Владата го испишаа прашањето на новинарот Никола Младенов –  „Колку чини слободата?“, наслов на негова колумна.

Во колумната Младенов напиша „Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука, нема компромис!“.

Фото и видео – Твитер


ГАЛЕРИЈА: Струмица протестира и тера мајтап со Груевски

Како скопјани, така и струмичани, денеска тераат мајтап со интервјуто за Телеграф мк екс премиерот Груевски.

Тој во интервјуто раскажуваше дека граѓанските активисти на НВО и претежно на Сорос биле заведувани а предавањата и трибините на овие невладини организации чул дека наликувале како на сеансите на секти.

– Па, еве, еден пример што ми го раскажа еден од учесниците, мислам некаде во 2009 година од предавањата. Говорејќи им против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо! Или барање во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!! И повеќе слични работи, кои човек го шокираат кога ги слуша. Не се сите вакви методи, имаат и пософистицирани, но имаат и многу вакви – рекол Груевски.

Па така, струмичани на комбето кое го предводи протестот напишаа „секташи“, а носеа и транспарент на кој пишуваше „Оваа влада не чини“. Потоа скокаа врз програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

 


ВИДЕО: Демонстрантите донираа пари за Шарената револуција

На денешниот протест пред владата беше поставена и кутија за донации за Шарената револуција. Граѓаните оставаа пари во кутијата за да може да продолжи боењето на институциите кои се мета на револтот на демонстрантите.

 


 Илјадници демонстранти стигнаа пред Собрание, ечат „бомбите“

Демонстрантите од Шарената револуција по маршот низ скопските улици стигнаа пред Собранието каде ги дочека стандардната „Во борба“, а веднаш потоа започнаа и снимки од „бомбите“ за изборните манипулации. Беа запелени и факели.

 

Фото и видео – Твитер


ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Ред се чекаше за катапултот, Шарената револуција повторно го обои Собранието

И вечерва Шарената револуција повторно го боеше Собранието. За разлика од претходно, кога само неколкумина ја имаа храброста да гаѓаат со балони со боја, вечерва се чекаше ред за „пукање“ од катапултот. Се чини дека притисоците и повиците за информативен разговор не ги поколебаа граѓаните, туку баш напротив, уште повеќе ги охрабрија.

 


ГАЛЕРИЈА: Битола повторно на протест

Вечерва повторно Битола излезе на протест на Шарената револуција. Настап имаше и „Белизе бенд“.


(ВИДЕО) Шилегов од протестот во Виница: Отстапување нема, правда ќе има!

Ви го пренесуваме обраќањето на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, нa денешниот протест на Шарената револуција во Виница.

P.Shilegov54545443


ГАЛЕРИЈА: Масовен протест на Шарената револуција во Охрид

Вечерва Охрид повторно излезе на масовен протест на Шарената револуција.

Фото – Твитер


(ВИДЕО) Стојанов: Младите нема да дозволат Груевски да им ја украде иднината

Ви го пренесуваме обраќањето на Миодраг Стојанов, член на Избршниот одбор на СДММ, нa денешниот протест на Шарената револуција во Скопје.

Слични содржини