Меган Маркл ја прашала Кејт Мидлтон дали ќе и биде кума на венчавката со принцот Хари

од desk2

Британските таблоиди пишуваат дека актерката Меган Маркл и принцот Хари наскоро ќе се венчаат и дека идната невеста ја прашала Кејт Мидлтон да и биде кума.


Актерката со момчето прослави 36 роденден во Африка, а сега наводно се подготвуваат да објават веридба. Express пишува дека Маркл на војвотката од Кембриџ и дала подарок во кој имало белешка со молба да и биде кума кога ќе се мажи за принцот Хари. Кејт од алтерката добила белезица со розов дијамант, која чини близу 2,000 долари.

Кејт е бремена и одмара поради утринските мачнини, па се претпоставува дека доколку Меган навистина ја сака за кума, ќе мора да почека додека се породи.

Express пишува дека Кејт во почетокот не ја одобрувала врската на хари и Меган, но дека подоцна почнале да се сложуваат. Медиумите минатата седмица пишуваа дека Меган ја запознала и кралицата Елизабета.

Слични содржини