Скопје, Свети Николе и Охрид од денеска до 4 септември ќе бидат домаќини на Првиот меѓународен философски дијалог Исток-Запад, на кој ќе учествуваат философи од Русија, Велика Британија, Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Албанија и Македонија

411784_66-5

Меѓународната конференција на тема „Наука и религија“ е во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународиот славјански универзитет Гаврило Романович Державин и Филозофско друштво на Македонија.

На првата сесија поздравни обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, Владо Камбовски, ректорот на Меѓународниот славјански универзитет Г.Р. Державин, Душан Николовски, и претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски.

Во рамките на првата сесија свои излагања ќе имаат професорот Фатос Тарифа од Тирана на тема „Слободата на убедувањето, јавната сфера и идеолошкиот тоталитаризам“, професорот Николас Вагхорн од Оксфорд на тема „Ништоста во пресекот на науката, филозијата и религијата“, професорката Татјана Сергеевна Пронина од Русија на тема „Религиозната преродба во пост-советска Русија“ и професорот Љубомир Цуцуловски на тема „Скепса и апологија“.

 

Слични содржини