Меѓународни активности на Ендуро Тим Водно

од desk2

Македонскиот претставник во Бму Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, клубот МК Ендуро Тим Водно, викендот учествуваше на првата трка која се одржа во Серес, Грција.


Христијан Бузалковски се натпреваруваше во две класи,во клсата СП125 и во класата Ф600 каде беше дебитант. Во класата Ф600 по трето време во првата трка имаше пех со моторот и на крајот остана без пласман. Во класата SP125 на крајот на првата трка тој заврши на втората позиција, а по втората трка заслужено ја забележа првата победа во сезоната.

Во категоријата мотокрос од Ендуро Тим Водно двајца возачи учествуваа на трката за Српскиот шампионат која се одржа во Крушевац Србија.
Христијан Станковиќ го освои второто место на првата трка, а во втората трка во голема борба со конкуренцијата успеа да се избори за победа и заврши на првото место.
Виктор Караколев го освои 7.место класата МХБ.

Слични содржини