Меј: Акцијата во Сирија е оправдана

од Vladimir Zorba

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека Сирија се обидува да ги скрие фактите за хемискиот напад што беше извршен со асистенција на својот сојузник Русија, истакнувајќи дека воената акција била и „морално и легално оправдана“.

– Одлуката Британија да изведе воздушни напади врз Сирија беше во национален интерес на земјата и не е резултат на притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп. Не го сторивме тоа на барање на претседателот Трамп, туку го направивме бидејќи веруваме дека тоа е праведна работа и оти не сме сами. За акцијата што ја презедовме постои широка меѓународна поддршка, истакна Меј во обраќањето пред Парламентот.

Меј ја бранеше одлуката Велика Британија да им се придружи на САД и Франција во воздушните напади врз Сирија, откако дел од пратениците истакнаа дека за акцијата прво требаше да се гласа во Парламентот.

Британската премиерка посочи дека воена акција „не е само морално оправдана, туку и легална“.

Слични содржини