Новиот британски премиер Тереза Меј вети денеска дека ќе ја води земјата во истиот дух како својот претходник Дејвид Камерон.mej

– Велика Британија ќе игра нова улога, храбра и позитивна, надвор од ЕУ, нагласи Меј во својата прва јавна изјава по именувањето на премиерската функција од страна на кралицата Елизабета Втора, која и додели мандат за состав на нова влада.

Таа истакна дека „по референдумот Британците се наоѓаат пред период на голема национална промена“.

– Велика Британија е пред голем предизвик. Кога ќе ја напуштиме ЕУ ќе извојуваме нова, храбра и позитивна улога и ќе ја направиме Британија зема која ќе работи за секој од нас, а не за малкуте привилегирани, вети Меј.

Британската премиерка нагласи и дека ќе го зачува единствето на земјата.

Тереза Меј е прва жена премиер на Британија по Маргарет Тачер

Слични содржини