Меј ги обвини останатите членки на ЕУ дека се обединуваат против Британија

од Vladimir Zorba

Европската унија се обединува против Велика Британија во преговорите за брегзит. Тоа обвинување го упати денеска британската премиерка Тереза Меј.

Таа додаде дека преговорите за брегзит ќе бидат тешки.

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека „трета страна нема да ги користи истите права или уште поголеми повластувања отколку држава членка на ЕУ“. Таа додаде дека и покрај тоа што е очигледно, некои луѓе во Британија се уште си прават илузии.

Слични содржини