Мејсон разговараше со клупските играчи

од Vladimir Zorba

Играчот од средината на теренот на премиерлигашот Хал, Рајан Мејсон се разбуди по операцијата на главата и разговараше со своите соиграчи во текот на денешениот ден, објавија од неговиот клуб.

Тој на вчерашниот дуел од Премиер лигата меѓу Челзи и Хал беше повреден во 13.минута откако во воздушен дуел во борба за топка играчот на Челзи, Гери Кејхил со чело го удри во пределот на слепоочницата, па Мејсон се здоби со фрактура на главата.

Операцијата беше извршена во болницата „Сент Мери“, а во првите моменти ситуацијата беше критична и за животот на Мејсон.

Самиот играч, неговото семејство, како и клубот се заблагодарија на сите кои испартија пораки со поддршка за брзо опоравување.

Слични содржини