Мекалистер за “Ди Велт”: Можни се нови судири на Балканот, Русија, Турција, Кина, сакаат влијание

од Vladimir Zorba

Балканот е високо чувствителен регион каде Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и Катар истовремено сакаат да имаат влијание и во најкусо време може повторно да се активираат судири, предупредува претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер во изјава за германски „Ди Велт“.

Мекалистер истакнува дека Европската унија со сите свои сили се обидува да се спротивстави на ваквите влијанија, но посочува дека веќе Русија се обидува да влијае во Србија врз медиумите, врз некои политичари, како и врз цивилното општество, а истовремено и медумите во Србија имаат голем број приврзаници на руската политика, што, вели тој, исто така е голем проблем.

– Русија во Србија поддржува една дестабилизирачка политика. Тоа дава причина за голема загриженост. За ЕУ тоа може само да значи дека нашата приврзаност кон Србија мора да добие поголема поддршка во тамошната политика и цивилното општество и нашето влијание мора да биде видливо, рече Мекалистер.

Дејвид Мекалистер е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

 

 

Слични содржини