Мекејн: Диктаторите почнуваат со задушувања на слободните медиуми

од desk2

Републиканскиот сенатор од Аризона и поранешен кандидат за претседател на САД, Џон Мекејн, вели дека диктаторите во своето владеење првото нешто што го прават е задушување на слободните медиуми.

Меккејн ова го изјави за „Ен-би-си“ во одбрана на медиумите кои во последно време се честа мета на напад на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

– Ги мразам новинарите. А вас посебно. Но, факт е дека сте ни потребни. Слободните медиуми се потребни. Мора да ги имаме. Витално е. Ако сакате да ја сочувате демократијата каква што ја познаваме, морате да имате слободни медиуми, кои често се и противнички настроени. А без тоа, се плашам дека со текот на времето ќе изгубиме и други наши индивидуални слободи – вели Мекејн.

Мекејн додава дека диктаторите почнуваат со задушувања на слободните медиуми односно со консолидација на моќта.

-Кога ќе ја погледнете историјата, првата работа која диктаторите ја правеле било задушување на медиумите. Не велам дека претседателот Трамп се обидува да биде диктатор, само велам дека мора да ја научиме лекцијата од историјата – изјави Мекејн./цитира Мета

Слични содржини