Mеко варено јајце или на око? Еве што тоа навистина открива за вас…

од Vladimir Zorba

Начинот на кој ги јадете јајцата може да открие многу за вас. Сакате ли повеќе јајце на око, варено јајце или кајгана? Тоа може да открие дали сте таинствени, храбри или не сакате да се врзувате во животот.


Сакате ли повеќе твдо или меко варени јајца? Сочна кајгана или добро испржена? Начинот на кој ги подготвувате јајцата и како обожавате да ги јадете, открива многу за вас. Проверете:

Јајца на око- со тврдо приготвена жолчка или со мека-сеедно. Тоа покажува дека некој е упорен, по малку дрзок и храбар човек кој сака да биде во центарот на вниманието.

Печена жолчка- тоа е во суштина јајце на око, но печено е така што има преку себе бел слој од белка- Жолчката не се гледа , но и понатаму е течн одвнатре. Луѓето кои најмногу сакаат вакви јајца се склони наклонети кон флертување и не сакаат да се предаваат премногу на ништо.

Поширани јајца- се подготвуваат во жешка вода, но без лушпа. Вака подготвени најмногу ги сакаат луѓе кои се помалку таинствени и кои сакаат другите да ги држат во неизвесност.

Добро испржена кајгана-сосема исушена кајгана обожаваат луѓе кои не се  наклонети кон ризик.Сакаат да бидат на сигурен и познат терен .

Сочна кајгана- кај неа се гледаат траги од сировите жолчки.Овој начин на подготвување го сакаат луѓе кои сметаат дека животот е премногу краток за да се занимаваат со ситници. Практични се и не сакаат да ги жртвуваат своите задоволства. Сакаат да живеат „на работ“.

Класичен омлет- евентуално со малку мирудии и трошка сирење. Тука се работи за воздржани луѓе, помалку елегантни кои сакаат ред. Пријателите ги бараат токму нив кога им треба логичен совет.

Омлет со сè и сешто- со сирење, парчиња шунка, можеби и со малку пиперка, некоја печурка , кромид. Вакви јајца сакаат луѓе кои се склони кон претерување во сè. Нив пријателите ги викаат кога сакаат да имаат незаборавна забава.

Јајца печени во рерна-често со додаток на павлака, сирење, мирудии. Овој вид го бираат нежни, чувствителни луѓе склони кон фантазии. Тие најдобро работат во позитивно опкружување и најпродуктивни се кога сè е како што замислиле.

Тврдо варени јајца-ги сакаат луѓе во движење кои не можат да замислат статичен начин на живот бидејќи тоа ги исцрпува. Нив активноста и разноликоста ги полни со енергија.

Меко варени јајца- луѓе кои сакаат на овој начин да ги приготвуваат јајцата се едноставни по природа и не им треба многу да бидат среќни. Воедно се и многу елегантни. Имаат нешто благородничко во себе, особено ако сакаат јајцето да го стават на мала чаша, лесно да ја тргнат лушпата и да јадат со лажиче.

С.В.

Слични содржини