Мексико со пресврт до победата над Нов Зеланд

од Vladimir Zorba

– Репрезентацијата на Макесико со пресврт во второто полувреме славеше победа над Нов Зелан со 2:1.

На натпреварот од 2.коло во А-групата на фудбалскиот Купо на Конфедерации што се одржува во Русија, иако Нов Зеланд со голот на Крис Вуд во 42.минута имаше предност од 1:0 по првиот дел, сепак Мексиканците во второто полувреме успеаја да направат пресврт.

Раул Алонсо Родригез во 54.минута го израмни резултатот, а во 74-тата Орибе Пералта го постигна вториот гол за победа на Мексико од 2:1.

Во првиот меч од оваа група Португалија со голот на Кристијано Роналдо го совлада домаќинот Русија со 1:0.

Мексико и Португалија се на двете водечки позиции на табелата со по 4 бодови, додека Русија има 1, а Нов Зеланд без освоен бод.

Во последното коло, Мексико ќе игра против Русија, а Португалија против Нов Зеланд.

Денеска на Купот на Конфедерации ќе се играат средбите од 2.коло во Б групата, а двојките се: Камерун – Австралија (17 часот) и Германија – Чиле (20 часот).

Слични содржини