Новоизбранaтa прва дама на САД, Меланија Трамп, ја раздели модната индустрија на два спротивни табора. Едни категорично одбиваат да ја облекуваат госпоѓа Трамп, други пак – обратно – се натпреваруваат тоа да го прават, пренесе Harper’s Bazaar.0a40935d339832504eba2ee8d298cab5

Прва против идејата да работи со некогашниот модел се прогласи дизајнерката со француско потекло Софи Теале која ги шиеше алиштата за Мишел Обама. Таа одби да соработува на Мелани и ги повика и своите колеги да ѝ го следат примерот.

Критично мислење за сопругата на идниот претседател на САД имаат и дизајнерите на Kenzo Умберто Леон и Керол Лим.

“Ако таа купува наши предмети, кажете им на луѓето дека вие не сте за тоа”, објави Леон.

Зад Мелани застана Американецот и основач на сопствена марка облека Томи Хилфигер.

Според него избраничката на претседателот е многу убава жена. “За добар дизајнер ќе биде чест да ја облекува”, рекол тој и истакнал дека модата лежи во современата политика.

Слично мислење изрази и моделиерот од Њујорк Џозеф Алтузара. “Не сакам моите политички ставови да ми влијаат на тоа дали ќе се согласам да облекувам некој или не”, објавил тој.

На страната на идната прва дама застана и модниот дизајнер на Rag & Bone, Маркус Вајнрајт.”Ќе е лицемерно да не ја облекувам Трамп”, рече тој и додаде дека дизајнерите се должни да го прават тоа за сите, без оглед на нивните политички убедувања, бидејќи така помагаат за развојот на американското производство.