Новата прва дама на Америка, Меланија Трамп и нејзиниот син Барон, нема да живеат со претседателот Доналд Трамп во Белата куќа.
Во моментов семејството на 45-тиот претседател на САД ќе продолжи да живее во Њујорк, барем во следните 6 месеци, додека заврши учебната година на Барон Трамп. 10-годишниот син на претседателот посетува училиште во Њујорк, каде што се и наоѓа пентхаусот на семејството Трамп. Во тоа време Доналд Трамп ќе живее сам во Белата куќа.
Во овие месеци, во кои Меланија Трамп не живее во Вашингтон, таа ќе мора да патува постојано од Њујорк до главниот град, за да ги исполнува своите обврски како прва дама.
Според извор на весникот New York Post, Мелани и Барон се исклучително блиски, а за време на претседателската кампања двајцата се обединиле уште повеќе.
Исто според медиумот, Барон Трамп посетува приватно училиште во Њујорк, чијашто настава чини 40 000 долари годишно.